Лабораторијата за тестирање на ОПУСПРОЕКТ работи во согласност состандардот MКС EN ISO/IEC 17025:2006.
Истата располага со мерно-техничка опрема која е специјализирана за вршење на мониторинг и тестирање во работната и животната средина и поделена е на два сектори:
1. Лабораторија за еколошки тестирања, која ги нуди следниве услуги:
- Контрола на квалитетот на воздухот (емисија и имисија)
- Мерење на емисија на гасови од стационарни извори на согорување (SO2, NO2, CO, CO2, O2, чаден број, брзина на струење на гасот, температура на гасот во канали)
- Мерење на вкупна и респирабилна (РМ10) прашина
- Мерење на нивото на бучава
- Мерење на вибрации
2. Лабораторија за тестирања во областа на безбедност и здравје при работа:
- Хемиски штетности (вкупна и респирабилна (РМ10) прашина, аноргански и органски гасови и пареи CO, CO2, NO2, SO2, испарливи органски соединенија VOC и др.),
- Физички штетности (бучава, вибрации, осветлување),
- Микроклиматски услови во работна средина (релативна влажност, температура и струење на воздухот),
- Отпор на заштитно заземјување,
- Громобранска инсталација.