Услуги

Животна средина

Заштитата на животната средина е примарна задача на општеството во целина и таа може да се оствари со организирање и водење на „битка“ за почиста животна средина на стратешко, тактично и оперативно ниво. Оваа битка може да се добие со примена на соодветни инструменти, оптимални активности и мерки, со кои е можно да се прават неопходните интервенции во насока на промена на состојбата на животната средина.

Безбедност и здравје при работа

Безбедноста и здравјето при работа е интердисциплинарен концепт за добросостојбата на луѓето кои се вклучени во процесот на работа, но во исто време и заштита на работодавачите од непредвидени и неконтролирани економски и материјални загуби што произлегуваат од штетите настанати од не применување на мерките за безбедност и здравје на работа. БЗР подразбира создавање на услови за работа, во кои се преземаат активности, со цел заштита на животот и здравјето на вработените и другите лица кои на тоа имаат право.

Лабораторија за тестирање

Лабораториските анализи и мерења се неопходна алатка за утврдување на фактичката состојба на средината во која работиме и живееме, а воедно и прецизна метода за наоѓање на решенија за подобрување на тие услови. 

Партнери и соработници