ОПУСПРОЕКТ ДОО Скопје е меѓу водечките компании во областа на безбедност и здравје при работа во Македонија, која меѓу првите се стeкна со овластување за вршење на стручни работи, издадено од Министерството за труд и социјална политика
Нашиот тим е составен од високо образовани кадри од различни профили со положен стручен испит за БЗР и долгогодишно искуство во областа.
Безбедноста и здравјето при работа е мултидисциплинарно подрачје (техника, медицина, психологија, организација, андрагогија и др.) во кои постојат голем број на прописи кои се однесуваат на специфични дејности и процеси на трудот.
Заштита при работа односно безбедноста и здравјето при работа како збир на мерки, нормативи и стандарди пропишани за создавање на безбедносни услови за работа претставува уставна категорија (член 32 став 1 од Уставот на Република Македонија).
Безбедноста и здравјето при работа со нашата легислатива е концептирана како составен дел на организацијата на работата и на работниот процес и врз таа основа се обезбедува за секој работник и за секоја корисна работа, без оглед на видот и сложеноста на работата, што е во согласност со уставното начело за правото на секој вработен на заштита при работа.
Меѓутоа, кога станува збор за безбедноста и здравјето при работа, под овој сложен термин не се означува само заштита на вработениот од физички повреди и професионални заболувања, туку и заштита на неговата психичка (морална) личност, што претставува доста комплексно прашање кое во денешно време станува се поактуелно.
ОПУСПРОЕКТ како овластена компанија за вршење на стручни работи во областа на безбедноста и здравјето при работа ги нуди следниве услуги:
- Проценка на ризик
- Изготвување на концепт на изјава за безбедност
- Изработка и спроведување на програма за обука на вработените за безбедно извршување на работата (теоретски и практичен дел),
- Обука на претставници на вработените за безбедност и здравје при работа,
- Обука на вработените за противпожарна заштита, евакуација и спасување
- Редовно тестирање и контрола на опремата за работа
- Изработка на правилници за лична заштитна опрема
- Испитување на средства и опрема за работа (машини, апарати и електричен алат)
- Изработка на план за безбедност и здравје при работа за мобилни градилишта.
- Давање на услуги како Стручно лице на надворешни компании
- Изготвување на планови за евакуација и спасување
- Изготвување на планови за безбедност при работа на градилишта
Мерења на:
- хемиски штетности (вкупна и респирабилна (РМ10) прашина, аноргански и органски гасови и пареи CO, CO2, NO2, SO2, испарливи органски соединенија VOC и др.),
- физички штетности (бучава, вибрации, осветлување),
- микроклиматски услови во работна средина (релативна влажност, температура и струење на воздухот),
- отпор на заштитно заземјување,
- громобранска инсталација.
ОПУСПРОЕКТ е една од првите компании која работи на Изготвување на документации за пресметување на стаж на осигурување што се смета со зголемено траење – бенифициран стаж. Досега има изработено повеќе од 200 стручни документациии за пресметување на стаж на осигурување што се смета со зголемено траење, ревизии и рецензии.