Лабораторија за тестирање

Лабораторијата за тестирање на ОПУСПРОЕКТ работи во согласност состандардот MКС EN ISO/IEC 17025:2006.
Истата располага со мерно-техничка опрема која е специјализирана за вршење на мониторинг и тестирање во работната и животната средина и поделена е на два сектори:

1. Лабораторија за еколошки тестирања, која ги нуди следниве услуги:

  • Контрола на квалитетот на воздухот (емисија и имисија)
  • Мерење на емисија на гасови од стационарни извори на согорување (SO2, NO2, CO, CO2, O2, чаден број, брзина на струење на гасот, температура на гасот во канали)
  • Мерење на вкупна и респирабилна (РМ10) прашина
  • Мерење на нивото на бучава
  • Мерење на вибрации
banner-results-black-200

2. Лабораторија за тестирања во областа на безбедност и здравје при работа:

  • Хемиски штетности (вкупна и респирабилна (РМ10) прашина, аноргански и органски гасови и пареи CO, CO2, NO2, SO2, испарливи органски соединенија VOC и др.),
  • Физички штетности (бучава, вибрации, осветлување),
  • Микроклиматски услови во работна средина (релативна влажност, температура и струење на воздухот),
  • Отпор на заштитно заземјување,
  • Громобранска инсталација.