Прескокни кон содржината
Опуспроект

Овластувања и сертификати

Сите овластувања, акредитации и уверенија, со точни броеви и датуми преземени од оригиналните документи.

Акредитација на инспекциско тело

Сертификат за акредитација на инспекциско тело ИТ-127

МКС EN ISO/IEC 17020:2012, Тип А

Тип А е највисоката категорија на независност — инспекциско тело што не е поврзано ниту со проектантот, ниту со производителот, ниту со корисникот на она што го испитува. ИАРСМ е потписник на EA MLA, што значи дека нашите извештаи се признаени низ европскиот простор.

Прва акредитација
6 септември 2021 г.
Реиздаден
27 август 2025 г.
Важи до
5 септември 2029 г.

Издавач: Институт за акредитација на Република Северна Македонија (ИАРСМ)

Обем на акредитацијата

  • Периодично испитување на бучава во животна и работна средина
  • Испитување на осветленост
  • Испитување на микроклиматски услови — температура, релативна влажност и брзина на струење на воздухот
  • Технички преглед и периодично испитување на системи за заштита од атмосферски празнења
  • Технички преглед и периодично испитување на заштитно заземјување
  • Технички преглед и периодично испитување на нисконапонски електрични инсталации

Овластувања за стручни работи за безбедност при работа

Со измената на Законот за БЗР (Сл. весник на РСМ бр. 74/2025) надлежноста премина од Министерството за труд и социјална политика на Министерството за економија и труд.

Решение за дозвола за вршење стручни работи за безбедност при работа

Број 07-3828/4
Издавач
Министерство за труд и социјална политика (денес Министерство за економија и труд)
Датум
1 јуни 2010 г.
Важи до
Без наведен рок на важење

Правен основ: Член 45 став 1 од Законот за безбедност и здравје при работа (Сл. весник на РМ бр. 92/07)

  • Проценка на ризик

    1 јуни 2010 г.

  • Концепт на изјава за безбедност

    1 јуни 2010 г.

  • Изработка и спроведување на програми за обука на вработените за безбедно извршување на работата

    1 јуни 2010 г.

  • Редовно тестирање и контрола на опрема за работа

    1 јуни 2010 г.

  • Периодични мерења на хемиски штетности (прашина, неоргански и органски гасови и пареи — CO, CO₂, NO₂, H₂S, SO₂, O₂), физички штетности и микроклиматски услови во работна средина

    1 јуни 2010 г.

Сите пет се издадени на 01.06.2010 година врз основа на член 45 од Законот за безбедност и здравје при работа (Сл. весник на РМ бр. 92/07) и Правилникот за условите за вработените, организациите и техничките услови (Сл. весник на РМ бр. 37/08). Во ниту едно од нив не е наведен рок на важење.

Овластувања за животна средина

  • Кире Станојоски — експерт за оцена на влијанието на проектите врз животната средина

    Број
    07-2039/112
    Датум
    31 јули 2009 г.
    Важи до
    Без наведен рок на важење

    Член 85 од Законот за животна средина

    Издавач: Министерство за животна средина и просторно планирање

  • Маре Вулгаракис — експерт за оцена на влијанието на проектите врз животната средина

    Број
    07-2039/118
    Датум
    31 јули 2009 г.
    Важи до
    Без наведен рок на важење

    Член 85 од Законот за животна средина

    Издавач: Министерство за животна средина и просторно планирање

  • Маре Вулгаракис — експерт за стратегиска оцена на животната средина

    Број
    11-1835/11
    Датум
    20 април 2010 г.
    Важи до
    Без наведен рок на важење

    Член 68 од Законот за животна средина

    Издавач: Министерство за животна средина и просторно планирање

  • Кире Станојоски — експерт за стратегиска оцена на животната средина

    Број
    07-23/3
    Датум
    13 јануари 2011 г.
    Важи до
    5 години од издавањето

    Член 68 од Законот за животна средина

    Издавач: Министерство за животна средина и просторно планирање

    Потврдата се издава со важност од пет години од денот на издавањето, со можност за продолжување за уште пет по барање до МЖСПП.

  • Кире Станојоски — управување и постапување со отпад

    Број
    07-5033/15
    Датум
    16 јануари 2012 г.
    Важи до
    Без наведен рок на важење

    Издавач: Министерство за животна средина и просторно планирање

    Стручниот испит е положен на 13.07.2010 година.

  • Маре Вулгаракис — управување и постапување со отпад

    Број
    07-1362/21
    Датум
    16 јануари 2012 г.
    Важи до
    Без наведен рок на важење

    Издавач: Министерство за животна средина и просторно планирање

    Стручниот испит е положен на 13.07.2010 година.

Стручни лица со положен стручен испит

Уверенијата на стручните лица содржат лични податоци (датум и место на раѓање, адреса), па се прикажани текстуално без скенови, во согласност со Законот за заштита на личните податоци.

Име и презимеБр. на уверениеДатум на полагање
Кире Станојоски3815 јули 2009 г.
Георгиос Вулгаракис5516 септември 2009 г.
Маре Вулгаракис12617 мај 2010 г.
Билјана Димишковска31113 јуни 2011 г.
Катерина Кирковска52613 март 2014 г.
Иван Вулгаракис54113 март 2014 г.

Издадени од Министерството за труд и социјална политика по член 15 од Правилникот за условите, начинот и програмата за полагање стручен испит за безбедност при работа (Сл. весник на РМ бр. 138/07). Во уверенијата не е наведен рок на важење.

Во постапка за сертификација.

ISO 9001 и ISO 45001

Фирмата е во постапка за сертификација по ISO 9001 (систем за управување со квалитет) и ISO 45001 (систем за управување со безбедност и здравје при работа). Оваа страница ќе биде ажурирана штом постапката заврши.

Не знаете кои обврски ги има вашата фирма?

Кажете ни со што се занимавате и колку вработени имате. Ќе ви вратиме список со обврските што законот ви ги наложува — без обврска за ангажман.