Услови за користење
Последно ажурирање: 1 август 2026 г.
Содржината на сајтот
Овој сајт го одржува РИ-ОПУСПРОЕКТ ДОО Скопје. Содржината е подготвена со внимание и се темели на прописите што важеле во моментот на пишување.
Статиите се информативни, не се стручна консултација
Статиите во делот „Новости и совети" се напишани за да ви дадат општа претстава за обврските што ги наложува законот. Тие не претставуваат стручна консултација и не ја заменуваат проценката на конкретната состојба во вашата фирма.
Прописите се менуваат. Пред да преземете дејствие врз основа на нешто прочитано тука, проверете го важечкиот текст на прописот или побарајте стручно мислење. Не одговараме за штета настаната од дејствија преземени само врз основа на содржината на овој сајт.
Авторски права
Текстовите, фотографиите и графичките елементи на овој сајт се заштитени со авторско право. Дозволено е цитирање со наведување на изворот и линк кон оригиналната страница. Преземање на цели статии без писмена дозвола не е дозволено.
Логоата на клиентите прикажани на страницата „Референци" се сопственост на соодветните компании и се прикажани исклучиво како референца за извршени услуги.
Линкови кон други сајтови
Кога сајтот води кон надворешна страница, немаме контрола врз нејзината содржина и не одговараме за неа.
Промени
Овие услови можат да се менуваат. Датумот на последното ажурирање е наведен на почетокот на страницата.