Прескокни кон содржината
Опуспроект

Услуги

Дваесет и четири стручни услуги, групирани во три области. Секоја се врши врз основа на овластување од министерството или врз основа на акредитацијата ИТ-127.

Законот за безбедност и здравје при работа важи за сите дејности во јавниот и приватниот сектор, без праг според број на вработени. Канцеларија, продавница, ресторан и градилиште подеднакво влегуваат во опфатот. Подолу се стручните работи што ги вршиме врз основа на овластувања издадени од МТСП (денес Министерство за економија и труд) и врз основа на акредитацијата ИТ-127.

Безбедност и здравје при работа
  • Проценка на ризик

    Основниот документ на целиот систем за безбедност — за секое работно место, со мислење од синдикатот или претставникот на вработените.

  • Стручно лице за БЗР

    Наместо да вработите и обучите сопствен кадар, ја преземаме улогата на стручно лице со сите обврски што таа ги носи.

  • Обуки за БЗР

    Обука при вработување, преместување, воведување нова технологија и промена на процесот — со уверенија и уредна евиденција.

  • Противпожарна обука

    Практична обука со реално гаснење — вработените го држат апаратот во раце, не само го гледаат на слајд.

  • Работа на висина

    Практична обука со инструктор со над 20 години искуство во работа на висина и заштита од пад.

  • ИТ-127

    Мерења во работна средина

    Микроклима, осветленост, бучава, вибрации, хемиски штетности и прашина — со извештај што ги издржува инспекциските проверки.

  • Испитување на опрема

    Редовно тестирање и контрола на средствата за работа — со овластување од министерството и уредна евиденција.

  • ИТ-127

    Заштитно заземјување

    Акредитирана метода по ИТ-127. Законскиот рок е јасен и фиксен — на секои пет години.

  • План за евакуација

    Планот на ѕид е законска обврска; вежбата е она што покажува дали планот функционира.

  • БЗР на градилиште

    План за БЗР, известување до Инспекторатот и координатор — задолжителен на секое градилиште со повеќе од еден изведувач.

  • Бенефициран стаж

    Стручна документација со која се докажува дека работното место ги исполнува кумулативните услови од Законот за ПИО.

  • Правилници за БЗР

    Интерни акти и евиденции во форма што ја издржува инспекциската проверка — не преземени обрасци.

  • Преглед на ЛЗО

    Годишниот преглед по EN 365 е обврзен и се повторува. Опремата што паднала на преглед не смее да остане во употреба.

  • Системи за заштита од пад

    Анкери, хоризонтални линии и системи на покриви, силоси и индустриски објекти — од планирање до годишна инспекција.

Секоја дејност што може да влијае врз животната средина има обврска пред да започне со работа да прибави одобрение — елаборат, решение за ОВЖС или интегрирана еколошка дозвола, зависно од активноста и капацитетот. Работењето без одобрен документ носи највисоките глоби во македонското еколошко законодавство. Изработивме над 600 елаборати и 59 интегрирани еколошки дозволи.

Животна средина
  • ОВЖС студии

    За проекти со значително влијание. Изработена од експерти впишани во листата на МЖСПП.

  • СОЖС

    За планови и програми, не за поединечни проекти. Водевме СОЖС за ЛЕАП Охрид 2019–2025 — УНЕСКО подрачје.

  • Управување со отпад

    Програма, евиденции, известувања и класификација — плус услуга управител со отпад.

Мерењата се доказот дали инсталацијата ги почитува граничните вредности од дозволата или од прописот. Ги вршиме со сопствена опрема — TESTO, SICK, Cirrus, Brüel & Kjær, METREL — и издаваме извештаи што надлежните органи ги прифаќаат. Испитувањето на бучава и осветленост е во обемот на акредитацијата ИТ-127.

Мерења и тестирања
  • Емисии и имисии

    Мерење на емисии од оџаци и на квалитетот на амбиентниот воздух, со сопствени TESTO и SICK анализатори.

  • Прашина PM10

    Прашина во работна средина и PM10 во амбиентен воздух — со Gray Wolf IQ-410 и HYGITEST опрема.

  • Отпадни води

    Земање примероци и испитување на технолошки и санитарни отпадни води, спрема условите од дозволата.

Не знаете кои обврски ги има вашата фирма?

Кажете ни со што се занимавате и колку вработени имате. Ќе ви вратиме список со обврските што законот ви ги наложува — без обврска за ангажман.