Прескокни кон содржината
Опуспроект

Референци

Дел од компаниите за кои работевме во периодот 2019–2026, групирани по индустрија.

години искуство
0години искуство
проценки на ризик
0+проценки на ризик
еколошки елаборати
0+еколошки елаборати
интегрирани еколошки дозволи
0интегрирани еколошки дозволи
извештаи од мерења годишно
0+извештаи од мерења годишно
активни клиенти
0+активни клиенти

Нафта и енергетика2

  • Shell
  • Лукоил Македонија

Автомобилска индустрија1

  • Adient (Струмица и Штип)

Индустрија и производство4

  • Gerresheimer Скопје
  • Макстил АД Скопје
  • НЈСК Холдинг
  • Цементарница УСЈЕ (TITAN Group)

Градежништво2

  • Гранит АД Скопје
  • Пелагонија АД Гостивар

Рударство1

  • Ларин Мрамор Компани

Банки и финансии3

  • Комерцијална банка АД Скопје
  • Порше Лизинг / Порше Брокер
  • Стопанска банка АД Скопје

Консалтинг и ревизија1

  • PwC

Ритеил и мода6

  • Defacto
  • Koton
  • LC Waikiki
  • dm drogerie markt
  • Веропулос (Веро маркети)
  • Фешн Груп Адриатик

Храна и угостителство5

  • Burger King
  • KFC
  • Винарија Стоби
  • Гранд Експорт
  • Жито Скопје Силбо

Здравство и фармација4

  • Диамед
  • Жан Митрев Клиника
  • Универзитетска клиника за дигестивна хирургија
  • Фитофарм

ИТ и телекомуникации6

  • Dept Technology Македонија
  • Аксапта Мастерс
  • Македонски Телеком АД
  • Микрософт ДООЕЛ Скопје
  • Неотел АД Скопје
  • Телелинк МК

Јавни институции1

  • Централен регистар на РСМ

Транспорт и логистика2

  • Македонски железници
  • Октопус

Забава1

  • Макс Бет

Листата е делумна. Целосна референтна листа доставуваме на барање.

Сите логоа се сопственост на соодветните компании и се прикажани исклучиво како референца за извршени услуги.

Студии на случај

Три проекти што ја покажуваат ширината на работата.

Јавен сектор · УНЕСКО подрачје2019–2025

ЛЕАП Охрид

Стратегиска оцена за Локалниот еколошки акциски план на Охрид

Стратегиска оцена на животната средина за плански документ што покрива подрачје под заштита на УНЕСКО — Охридското Езеро, Националниот парк Галичица и Студенчишко Блато.

  • Оцена на потребата од спроведување стратегиска оцена и определување на опфатот
  • Опис на постојната состојба и на веројатниот развој без планот
  • Вреднување на влијанијата врз заштитените подрачја и биодиверзитетот
  • Мерки за спречување и намалување и програма за следење при спроведување

Подрачје под заштита на УНЕСКО подразбира највисок степен на внимание: секое влијание се вреднува и во однос на универзалната вредност заради која подрачјето е заштитено. Тоа е најбарната категорија работа во оваа област во Македонија.

Металургија15+

Макстил АД

А-интегрирана еколошка дозвола и континуиран мониторинг

Долгогодишна соработка со најголемата железарница во земјата — од А-интегрирана еколошка дозвола, преку континуирани мерења на емисии, до обуки на вработените.

  • Изработка и водење на постапката за А-интегрирана еколошка дозвола
  • Мониторинг на емисии во воздух во точките и со зачестеноста од дозволата
  • Периодични мерења во работната средина — бучава, прашина, микроклима
  • Обуки за безбедност при работа и БЗР документација

Металургијата е меѓу најсложените инсталации од Прилог 1 на Уредбата: високи температури, прашина, бучава и емисии истовремено. Соработка од над 15 години значи дека документацијата и мониторингот се одржувани непрекинато, а не поправани по инспекција.

Нафта и енергетика

Лукоил Македонија

Комплетна БЗР документација за мрежа од бензински станици

Проценки на ризик, периодични испитувања и обуки за над 20 бензински станици распоредени низ целата држава, со единствен стандард на документација.

  • Проценка на ризик со изјава за безбедност за секој објект
  • Испитување на заштитно заземјување и громобранска инсталација
  • Периодични мерења во работната средина
  • Обуки за БЗР и противпожарни обуки на вработените

Мрежа од објекти со запаливи материи бара распоред на теренски излегувања низ целата држава и еднаква документација на секоја локација. Тука предноста од сопствена мерна опрема е најочигледна — термините не зависат од подизведувач.

Не знаете кои обврски ги има вашата фирма?

Кажете ни со што се занимавате и колку вработени имате. Ќе ви вратиме список со обврските што законот ви ги наложува — без обврска за ангажман.