Елаборат за заштита на животната средина
Елаборатот за заштита на животната средина е документот со кој се утврдува влијанието на вашата дејност врз животната средина и мерките за негово намалување. Се изработува пред започнување со работа и мора да биде одобрен. Клучното прашање не е дали ви треба, туку кој го одобрува — за едни дејности тоа е градоначалникот, за други Управата за животна средина. Изработивме над 600 елаборати.
Што опфаќа услугата
- Утврдување по која уредба спаѓа вашата дејност и кој е надлежен за одобрување
- Опис на локацијата, инсталацијата и технолошкиот процес
- Идентификација на емисиите во воздух, вода и почва и на отпадот
- Анализа на бучавата и на другите влијанија врз околината
- Мерки за спречување и намалување на влијанијата
- План за мониторинг со мерни места и зачестеност
- Изработка во пропишаната форма и содржина
- Водење на постапката до добивање решение за одобрување
Како изгледа процесот
Класификација на дејноста
Прво утврдуваме по која од двете уредби спаѓате — тоа одредува дали одобрува градоначалникот или Управата за животна средина.
Снимање на локацијата
Го снимаме процесот, емисиите, отпадните текови и околината, вклучително и најблиските чувствителни рецептори.
Изработка
Го изработуваме елаборатот во пропишаната форма, со мерки и со план за мониторинг.
Постапка за одобрување
Го поднесуваме, одговараме на барањата на надлежниот орган и ја водиме постапката до решение.
Често поставувани прашања
Кој го одобрува елаборатот?
Зависи од дејноста. Постојат две уредби: по едната одобрува градоначалникот (ресторани, кафулиња, автоперални, работилници), по другата Управата за животна средина (рударство, енергетика, хемиска индустрија, отпад, бензински пумпи).
Колку изнесуваат глобите за работа без одобрен елаборат?
По измената објавена во Сл. весник на РСМ бр. 89/2022, за правно лице се движат од 9.000 до 98.000 евра во денарска противвредност (член 212-ѓ од Законот за животната средина). Паушалните износи од 3.000 и 6.000 евра што сè уште кружат во практиката се надминати.
Кога мора да се изработи елаборатот?
Пред започнување со работа. Елаборат изработен откако дејноста веќе се врши не ја отстранува прекршочната одговорност за периодот на работење без одобрение.
Дали елаборатот важи трајно?
Одобрениот елаборат се однесува на инсталацијата и процесот како што се опишани. При значајна промена на капацитетот, технологијата или локацијата, состојбата се преоценува и постапката се повторува.
Побарајте понуда за оваа услуга
Опишете ни ја состојбата во вашата фирма и ќе добиете конкретна понуда со рок на изведба.