Прескокни кон содржината
Опуспроект

А и Б интегрирани еколошки дозволи

Интегрираната еколошка дозвола е најсеопфатното еколошко одобрение — со неа во еден акт се уредуваат емисиите во воздух, вода и почва, отпадот, бучавата и мониторингот. Дали ви треба А или Б дозвола не зависи од големината на фирмата туку од активноста и од капацитетот; списокот е во Прилог 1 и Прилог 2 на Уредбата за интегрирани дозволи. Изработивме 59 интегрирани еколошки дозволи.

Што опфаќа услугата

  • Утврдување дали инсталацијата бара А или Б дозвола според Прилог 1 и Прилог 2 на Уредбата
  • Опис на инсталацијата, технолошкиот процес и суровините
  • Инвентар на емисиите во воздух, вода и почва и на отпадните текови
  • Оцена на примената на најдобрите достапни техники
  • План за мониторинг со мерни места, параметри и зачестеност
  • План за подобрувања со рокови
  • Изработка на барањето во пропишаната форма и содржина
  • Водење на постапката и одговор на барањата на надлежниот орган

Како изгледа процесот

  1. Класификација на инсталацијата

    Ја споредуваме активноста и капацитетот со праговите од Прилог 1 и Прилог 2 — тоа одредува А или Б и кој е надлежен.

  2. Снимање и мерења

    Го снимаме процесот и ги прибираме потребните мерни податоци за емисиите и отпадните текови.

  3. Изработка на барањето

    Го изработуваме барањето со оцена на најдобрите достапни техники, план за мониторинг и план за подобрувања.

  4. Постапка до дозвола

    Ја водиме постапката, одговараме на барањата на органот и учествуваме во јавниот увид.

Често поставувани прашања

Како да знам дали ми треба А или Б дозвола?

Не зависи од големината на фирмата туку од активноста и капацитетот. Списокот е во Прилог 1 (А) и Прилог 2 (Б) на Уредбата за интегрирани дозволи (Сл. весник на РМ бр. 89/2005). За А-дозвола надлежно е министерството, за Б-дозвола општината.

Колку изнесуваат глобите за работа без интегрирана дозвола?

Од 13.000 до 140.000 евра во денарска противвредност за правно лице, по измената објавена во Сл. весник на РСМ бр. 89/2022. Тоа се највисоките глоби во македонското еколошко законодавство.

Што носи новиот Закон за контрола на индустриски емисии?

Новиот закон е објавен во Сл. весник на РСМ бр. 193/2025 и се применува од 26 септември 2027 година. До неговата примена меродавна е постојната рамка од Главата XII од Законот за животната средина и Уредбата од 2005 година.

Дали дозволата бара тековен мониторинг?

Да. Мониторингот се врши во точките и со зачестеноста определени во дозволата. Мерењата на емисии од стационарни извори ги вршат акредитирани лаборатории (Сл. весник на РМ бр. 11/2012, изменет во Сл. весник на РСМ бр. 176/2019).

Побарајте понуда за оваа услуга

Опишете ни ја состојбата во вашата фирма и ќе добиете конкретна понуда со рок на изведба.