Животна Средина

Заштитата на животната средина претставува еден од најголемите предизвици на денешницата. Компаниите често се среќаваат со потешкотии во имплементирањето на одржливиот развој, енергетско ефикасните технологии, управувањето со отпад и т.н.

ОПУСПРОЕКТ ДОО Скопје има мултидисциплинарен тим со долгогодишно искуство во областа на заштита на животната средина и со сите потребни овластувања и потврди од Министерството за животна средина и просторно планирање, за вршење на стручни работи во областа.

Со цел да им помогнеме на компаниите да ги остварат своите цели и да го намалат нивното негативно влијаните врз животната средина им ги нудиме следниве услуги:

  • Изработка на студии за оцена на влијание врз животната средина

  • Изработка на извештаи за стратегиска оцена на животната средина

  • Изработка на елаборати за заштита на животната средина

  • Изработка на апликации за добивање на дозволи за усогласување со оперативен план  (А и Б дозволи)

  • Изработка на програми за управување со отпад

 

  • Контрола на квалитетот на воздухот (емисија и имисија)

  • Мерење на емисија на гасови од стационарни извори на согорување (SO2, NO2, CO, CO2, O2, чаден број, брзина на струење на гасот)

  • Мерење на вкупна и респирабилна (РМ10) прашина

  • Мерење на нивото на бучава

  • Мерење на вибрации

  • Анализа на отпадни води

Стручниот тим го соочинуваат:

  • Експерти за оценка на влијанието на проектите врз животната средина,

  • Експерти  за стратегиска оцена на животната средина,

  • Управители со отпад

  • Магистар за заштита на животната средина,

  • Магистер за заштита на работната средина,

  • Инженери за заштита на животната средина,

  • Дипломинари инженери технолози и архитекти.