Прескокни кон содржината
Опуспроект

Обуки за безбедност и здравје при работа

Законот бара работодавачот на секој вработен да му обезбеди теоретска и практична обука за безбедно извршување на работата. Обуката не е еднократна: се повторува при четири различни повода, а за работните места со зголемена опасност се додава и проверка на оспособеноста на секои три години. Обуките ги вршиме врз основа на Овластување бр. 8 од 01.06.2010 година.

Што опфаќа услугата

  • Обука при вработување, пред почетокот на самостојната работа
  • Обука при преместување на друго работно место
  • Обука при воведување нова технологија или нови средства за работа
  • Обука при промена на работниот процес
  • Проверка на оспособеноста на секои три години за работни места со зголемена опасност
  • Практичен дел на самото работно место, не само презентација
  • Издавање уверенија за секој обучен вработен
  • Водење на пропишаната евиденција за стручно обучување и оспособување

Како изгледа процесот

  1. Програма по мерка

    Програмата ја изведуваме од вашата проценка на ризик — обуката се однесува на вистинските опасности на вашите работни места.

  2. Теоретски дел

    Кај вас или кај нас, на македонски или на англиски. За поголеми групи се организира во смени за да не запре производството.

  3. Практичен дел

    На самото работно место, со опремата што навистина се користи. Ова е делот што инспекцијата најчесто го бара како доказ.

  4. Уверенија и евиденција

    Секој вработен добива уверение, а вие ја добивате евиденцијата во форма подготвена за инспекциски надзор.

Често поставувани прашања

Колку често мора да се повторува обуката?

Законот врзува обука за четири повода: вработување, преместување на друго работно место, воведување нова технологија или средства за работа и промена на работниот процес. За работните места со зголемена опасност дополнително се врши проверка на оспособеноста на секои три години.

Дали постои пропишан образец за уверението на вработениот?

Не. Пропишани обрасци постојат само за документите на стручното лице — уверението за положен стручен испит и потврдата за бодови од стручно усовршување. Уверението за обучен вработен нема пропишана форма, но мора да биде дел од уредна евиденција.

Може ли обуката да биде само онлајн?

Не. Законот бара и теоретска и практична обука. Практичниот дел се изведува на работното место, со опремата што се користи, и не може да се замени со презентација.

Обучувате ли на англиски јазик?

Да. Обуките и придружната документација ги изведуваме и на англиски, што редовно го правиме кај странските производствени капацитети и ритеил синџири во Македонија.

Побарајте понуда за оваа услуга

Опишете ни ја состојбата во вашата фирма и ќе добиете конкретна понуда со рок на изведба.