Прескокни кон содржината
Опуспроект

Проценка на ризик со изјава за безбедност

Изјавата за безбедност со проценка на ризик е основниот документ на целиот систем за безбедност при работа. Законот бара секој работодавач да ја изготви и спроведе за секое работно место, без оглед на тоа дали има двајца или двесте вработени. Изработката е стручна работа за која е потребна дозвола од министерството — ја вршиме врз основа на Овластување бр. 6 од 01.06.2010 година. Досега сме изработиле над 3.000 проценки на ризик.

Што опфаќа услугата

  • Обиколка на локацијата и снимање на сите работни места и работни процеси
  • Идентификација на опасностите и штетностите по работно место
  • Процена на веројатноста и тежината на последиците, со рангирање на ризиците
  • Утврдување мерки за отстранување или намалување на ризикот, со носител и рок
  • Определување на работните места со зголемена опасност
  • Определување на потребната лична заштитна опрема по работно место
  • Основа за периодичноста и содржината на здравствените прегледи
  • Изработка на изјавата за безбедност во пропишана форма и предавање во печатена и електронска верзија

Како изгледа процесот

  1. Увид на локацијата

    Доаѓаме кај вас, ги снимаме работните места, процесите, опремата и постојната документација. За повеќе локации се договара распоред.

  2. Мерења кога се потребни

    Ако проценката бара објективни податоци за бучава, осветленост, микроклима или хемиски штетности, ги мериме со сопствена опрема.

  3. Проценка и мерки

    Ги рангираме ризиците и предлагаме конкретни мерки со носител и рок — не општи препораки, туку изводливи чекори.

  4. Мислење и усвојување

    За изјавата се обезбедува мислење од синдикатот, а таму каде нема синдикат — од претставникот на вработените. Потоа изјавата им се презентира на вработените.

Често поставувани прашања

Колку долго важи проценката на ризик?

Законот не пропишува рок на важење. Обврската е поинаква: ако се променат условите за работа или се појави нова опасност, се изготвува нова изјава за безбедност — не се дополнува постојната.

Дали малите фирми се ослободени од оваа обврска?

Не. Законот важи за сите дејности во јавниот и приватниот сектор, без праг според број на вработени. Разликата е само во висината на глобите, кои се степенувани според големината на работодавачот.

Можеме ли сами да ја изработиме проценката?

Изработката на проценка на ризик е стручна работа за која е потребна дозвола од министерството. Работодавач што нема сопствен овластен стручен кадар и техничка опременост ја доверува на овластено правно лице.

Што ако имаме повеќе локации?

Проценката се прави за секое работно место, па сите локации мора да бидат опфатени. За синџири со многу објекти правиме заеднички распоред на обиколки за да се намалат трошоците и прекините во работата.

Дали ангажирањето надворешна фирма ја префрла одговорноста?

Не. Според член 6 став (4) од Законот, ангажирањето овластено правно или физичко лице не го ослободува работодавачот од неговата одговорност.

Побарајте понуда за оваа услуга

Опишете ни ја состојбата во вашата фирма и ќе добиете конкретна понуда со рок на изведба.