Прескокни кон содржината
Опуспроект
Акредитирана метода · ИТ-127

Испитување на громобранска инсталација

Системот за заштита од атмосферски празнења се испитува на секои пет години, по истиот Прилог 1 од Правилникот за користење на електроенергетски постројки и електрична опрема како и заштитното заземјување. Бидејќи роковите се совпаѓаат, двете испитувања најчесто се вршат во иста посета. Техничкиот преглед и периодичното испитување на овие системи се во обемот на акредитацијата ИТ-127.

Што опфаќа услугата

  • Визуелен преглед на прифатниот систем — стапови, мрежа и прифатни спроводници
  • Преглед на одводните спроводници и на нивните споеви
  • Проверка на мерно-раставните споеви
  • Мерење на отпорност на распространување на громобранскиот заземјувач
  • Проверка на континуитетот на целиот систем
  • Проверка на изедначувањето на потенцијалите и на пренапонската заштита
  • Оценка на состојбата на корозија на видливите елементи
  • Извештај со наод и мислење и утврден следен рок

Оваа услуга е во обемот на акредитацијата ИТ-127 по МКС EN ISO/IEC 17020:2012, Тип А.

Како изгледа процесот

  1. Преглед на документацијата

    Ја разгледуваме проектната документација на инсталацијата и претходните извештаи, ако постојат.

  2. Визуелен преглед

    Прифатен систем, одводни спроводници, споеви и мерно-раставни места — најчестите наоди се корозија и прекинат спој.

  3. Мерења

    Отпорност на распространување на заземјувачот и континуитет на системот, со METREL инструменти.

  4. Извештај

    Акредитиран извештај со наод и мислење. Најчесто се издава заедно со извештајот за заштитно заземјување.

Често поставувани прашања

Колку често се испитува громобранската инсталација?

На секои пет години, по Прилог 1 од Правилникот за користење на електроенергетски постројки и електрична опрема (Сл. весник на РМ бр. 140/2010, изменет со бр. 54/2011) — истиот рок како и за заштитното заземјување.

Може ли двете испитувања да се направат заедно?

Да, и препорачливо е. Роковите се совпаѓаат, па двете испитувања се вршат во иста посета, што го намалува трошокот и бројот на прекини во работата.

Што ако објектот нема громобранска инсталација?

Дали инсталација е потребна се утврдува со проценка на ризик од атмосферски празнења за конкретниот објект, врз основа на неговата намена, локација и содржина. Испитување се врши на изведена инсталација.

Побарајте понуда за оваа услуга

Опишете ни ја состојбата во вашата фирма и ќе добиете конкретна понуда со рок на изведба.