Испитување на заштитно заземјување и нисконапонски инсталации
Заштитното заземјување е последната линија на одбрана против струен удар. За разлика од многу други обврски, тука рокот е недвосмислен: периодичноста е дадена во Прилог 1 од Правилникот за користење на електроенергетски постројки и електрична опрема и изнесува пет години. Испитувањето е во обемот на нашата акредитација ИТ-127 по МКС EN ISO/IEC 17020:2012, Тип А.
Што опфаќа услугата
- Визуелен преглед на заземјувачкиот систем и на изедначувањето на потенцијалите
- Мерење на отпорност на распространување на заземјувачот
- Мерење на отпорност на заштитниот спроводник и на континуитетот
- Мерење на импеданса на јамката на грешка
- Испитување на заштитни уреди на диференцијална струја (FID склопки)
- Мерење на отпорност на изолација на нисконапонската инсталација
- Извештај со наод и мислење, со заклучок за секое мерно место
- Утврдување на следниот законски рок
Оваа услуга е во обемот на акредитацијата ИТ-127 по МКС EN ISO/IEC 17020:2012, Тип А.
Како изгледа процесот
Договор и подготовка
Го договараме терминот и утврдуваме кои делови од инсталацијата бараат исклучување за да се измери безбедно.
Мерења на лице место
Мериме со METREL инструменти — отпорност на заземјувач, континуитет, импеданса на јамка, FID склопки и изолација.
Оценка
Резултатите се оценуваат спрема пропишаните вредности, со јасен заклучок дали инсталацијата е исправна.
Извештај
Добивате акредитиран извештај со наод и мислење и со утврден следен рок за испитување.
Често поставувани прашања
Колку често се испитува заштитното заземјување?
На секои пет години. Периодичноста е дадена во Прилог 1 од Правилникот за користење на електроенергетски постројки и електрична опрема (Сл. весник на РМ бр. 140/2010, изменет со бр. 54/2011).
Дали важи и за канцелариски простор?
Да. Обврската е врзана за електричната инсталација, не за видот на дејност. Канцеларија, продавница и ресторан подеднакво влегуваат во опфатот.
Дали постојат пократки рокови за одредени објекти?
Фиксни пократки рокови по пропис не постојат. Кај рударството и кај хемиската индустрија посебните прописи бараат план за систематско испитување, одржување и тестирање изведен од компетентно лице, па интервалот се утврдува по објект.
Што ако инсталацијата не ги задоволи вредностите?
Во извештајот се наведува конкретниот недостаток и мерната вредност што отстапува. По отстранувањето на недостатокот се врши контролно мерење на тие места.
Побарајте понуда за оваа услуга
Опишете ни ја состојбата во вашата фирма и ќе добиете конкретна понуда со рок на изведба.