Прескокни кон содржината
Опуспроект

Испитување на опрема за работа и машини

Работодавачот е должен средствата за работа да ги одржува во исправна состојба и да ја проверува нивната исправност и безбедност со повремени прегледи и испитувања. Роковите се утврдуваат со актот што работодавачот го донесува, односно со упатството на производителот, техничките прописи и стандардите. Испитувањата ги вршиме врз основа на Овластување бр. 8 од 01.06.2010 година за редовно тестирање и контрола на опрема за работа.

Што опфаќа услугата

  • Производствени машини, преси, струги, циркулари и обработувачки центри
  • Заштитни направи, блокажни системи и команди за итно запирање
  • Дигалки, кранови, вилушкари и индустриски транспортери
  • Опрема под притисок — котли, садови и компресори
  • Визуелен преглед, функционална проверка и мерење каде е потребно
  • Извештај со наод и мислење за секое средство за работа
  • Налепница со ознака за извршено испитување и следен рок
  • Внесување во евиденцијата за средствата за работа

Како изгледа процесот

  1. Попис на опремата

    Го составуваме или ажурираме пописот на средствата за работа со производител, тип, година и досегашни испитувања.

  2. Определување рокови

    Роковите се изведуваат од упатството на производителот, техничките прописи и вашиот акт — за дигалки и транспортери и од Правилникот 32/2009.

  3. Испитување на лице место

    Визуелен преглед, функционална проверка на заштитните направи и командите за итно запирање, мерења каде се потребни.

  4. Извештај и означување

    Извештај со наод и мислење по средство, налепница со следен рок и внес во евиденцијата.

Често поставувани прашања

Колку често мора да се испитува опремата за работа?

Законот не пропишува еден универзален интервал. Работодавачот ги утврдува роковите со свој акт, следејќи го упатството на производителот, техничките прописи и стандардите. За дигалки и индустриски транспортери роковите ги дава Правилникот за нивно користење (Сл. весник на РМ бр. 32/2009).

Дали компресорите и пресите се опфатени?

Да, но не по стариот Правилник 26/1967 — тој е ставен вон сила со член 12 од Правилникот за хемиски супстанци (Сл. весник на РМ бр. 46/2010). За опремата под притисок меродавен е Правилникот за нејзино користење (Сл. весник на РМ бр. 32/2009).

Што ако опремата не помине на испитувањето?

Во извештајот се наведува конкретниот недостаток и потребната мерка. Средство за работа што не е безбедно не смее да се користи додека недостатокот не се отстрани, а по поправката се врши повторно испитување.

Побарајте понуда за оваа услуга

Опишете ни ја состојбата во вашата фирма и ќе добиете конкретна понуда со рок на изведба.