Прескокни кон содржината
Опуспроект

Обука за безбедна работа на висина

Падот од висина е меѓу најчестите причини за смртни повреди при работа. Обуката ја води Дејан Димитровски — национален инструктор лиценциран од SKYLOTEC (Германија), со над 20 години во безбедноста при работа, инструкторско искуство во Специјалните полициски сили и во Итната единица за спасување на Црвен крст. Обуката е практична: работа со системи за задржување и за заштита од пад, правилен избор и облекување на опремата и вежба на реален објект.

Што опфаќа услугата

  • Хиерархија на мерки: спречување пристап, задржување, заштита од пад
  • Разлика меѓу систем за задржување и систем за заштита од пад
  • Правилен избор, преглед и облекување на појас и придружна опрема
  • Пресметка на слободен простор при пад и фактор на пад
  • Работа со самонавивачки уреди, амортизери и хоризонтални линии
  • Правилно позиционирање и врзување за анкерна точка
  • Практична вежба на реален објект или на конструкција за обука
  • Уверенија и евиденција за спроведената обука

Како изгледа процесот

  1. Проценка на задачите

    Утврдуваме какви работи на висина навистина се изведуваат кај вас и каква опрема имате — програмата се гради врз тоа.

  2. Теоретски дел

    Хиерархија на мерки, системи, фактор на пад и слободен простор, преглед на опремата пред секоја употреба.

  3. Практична вежба

    Облекување и проверка на опремата, врзување за анкер, движење по хоризонтална линија, работа со самонавивачки уред.

  4. Уверенија

    Уверенија за учесниците и евиденција. По потреба се договара и годишен преглед на вашата ЛЗО против пад.

Често поставувани прашања

Од која висина работата се смета за работа на висина?

Мерилото не е само висината туку постоењето ризик од пад што може да предизвика повреда. Практиката тргнува од два метра, но пад во отвор, во канал или од помала висина врз опасна површина исто така бара мерки.

Дали обезбедувате опрема за обуката?

Да, за вежбата ја носиме потребната опрема. Кога имате сопствена опрема препорачуваме да се вежба со неа — така вработените ја учат вистинската опрема, а ние истовремено ја прегледуваме нејзината исправност.

Дали изведувате обука за спасување од висина?

Обуката што ја нудиме се однесува на безбедна работа на висина и на употреба на системите за заштита од пад. За план за спасување и евакуација од висина се договараме одделно според конкретниот објект.

Колку често се повторува обуката?

Работата на висина типично спаѓа во работни места со зголемена опасност, за кои Законот бара проверка на оспособеноста на секои три години. Опремата, пак, се прегледува секоја година по EN 365.

Побарајте понуда за оваа услуга

Опишете ни ја состојбата во вашата фирма и ќе добиете конкретна понуда со рок на изведба.